Душко загрижен за Карлеуша – стравува да не си направи нешто, а поради скандалот децата ги запишаа на училиште каде една година чини 10.000 евра!

ADVERTISEMENT

Карлеуша е во очајна состојба

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сопругот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ се уште се наоѓа во Белград, каде што ги решава нивните проблеми, и од својата сопруга Јелена буквално не се одвојува за целото време. Како што пренесува српскиот Курир, тие пред неколку дена посетиле едно приватно училиште во Белград каде што ќе ги запишат нивните ќерки, Атина и Ника.

Како што јавува извор за овој медиум, бидејќи Атина и Ника се во години кога децата понекогаш знаат да бидат брутални кон своите врсници, и да ги напаѓаат, озборуваат и навредуваат, Тошиќ и Карлеуша решиле да ги запишат во приватно училиште каде што се сигурно дека никој нема да ги задева поради скандалот што и се случи на пејачката, непосредно пред да почине нејзината мајка.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Школска година – 10 000 евра

Во прашање е една од најскапите приватни школи во Србија. Во неа се работи по интернационална програма, наставата е на англиски јазик, а се учат и дополнителни два други јазици. Една школска година чини околу 10.000 евра, додека превозот и храната, како и сите други активности надвор од училиштето, дополнително се плаќаат.

Фудбалерот на свој пријател му кажал дека не се вратил во Кина, каде што игра за Гуанџоу, бидејќи неговата сопруга по смртта на нејзината мајка е во многу тешка состојба и дека и помага да закрепне по губитокот. Тој му се доверил на пријателот и дека стравува Карлеуша да не си направи нешто лошо и дека затоа ќе остане со неа.

ADVERTISEMENT

„Душко ја разбира нејзината болка и сака да и помогне. Најдобро знае колку Дивна и Карлеуша беа поврзани, и колку Карлеуша му плачела додека нејзината мајка се бореше со рак на градите“ вели изворот за овој медиум.

Тој исто така додаде, пишува Курир, и дека пејачката многу пати му кажала на својот сопруг дека нема да може да издржи ако и се случи нешто на Дивна, па затоа тој сега се плаши нешто да не си направи и се обидува да направи сé што може за да и помогне полесно да го преброди тешкиот период и да се избори со ситуацијата во која што се најде.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фудбалерот ги преземал сите обврски околу децата, а и состојбата во која што се наоѓа му ја предочил на тренерот Драган Стојковиќ Пикси кој имал разбирање и му дозволил да остане во Белград колку што му е потребно.

Facebook Comments
(Visited 1.685 times, 5 visits today)

ADVERTISEMENT