Реклама
Наши ѕвезди

Дунавка објави моќна порака што треба секоја жена да ја прочита – по ЉУБОВНИТЕ БРОДОЛОМИ, сега ужива за сите пари!

Реклама

Македонската мисица знае како се ужива во животот, па сега даде совет до сите жени.

Некогашната Мис на Македонија, Дунавка Трифуновска во последно време е доста интригантна за медиумите, но и за публиката, која сака да знае се за нејзиниот живот.

Маркетинг

Дунавка вниманието го привлече уште од 2015 година кога ја претставуваше Македонија на Мис Интернационал. Оттогаш медиумите го следат секој нејзин чекор, а нејзините објави на социјалните мрежи не поминуваат незабележани.

Како убава и слободна жена, Дунавка постојано беше поврзувана со мажите со кои беше видена во јавност, но таа стави крај на сите шпекулации и конечно откри во кој е вљубена.

Фото: Фејсбук / Ване Цветанов

Човекот кој го освои нејзиното срце е поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов.

Маркетинг

Иако нивната врска е доста турбулентна, а и изложена и во јавност, тие сепак успеаја да ги пребродат сите препреки и конечно да уживаат еден со друг.

Врската ја обелоденија минатата година и оттогаш медиумите не престануваат да пишуваат за нив.

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

И двајцата се активни на социјалните мрежи каде постојано споделуваат нивните заеднички фотографии.

„Некои приказни и некои луѓе се среќни и без бројки“, напиша Дунавка во опис на нивна заедничка фотографијата.

Иако многумина мислеа дека станува збор само за авантура која брзо ќе заврши, Ване и Дунавка го докажаа спротивното. Ване го повлече првиот чекор и ја запроси својата сакана.

Фото: Фејсбук / Ване Цветанов

Цветанов оваа вест ја објави на социјалните мрежи, во новогодишната честитка.

На еден од најубавите христијански празици, Прочка, Ване и Дунака заплови во брачните води.

По релативно кратко време од стапувањето во брак, Ване и Дунавка започнаа медиумска војна еден против друг, што беше вистинско изненадување за јавноста.

Според нивните објави на социјалните мрежи се чинеше дека големата љубов завршила и дека секој одлучил да тргне по својот пат. Парот си упати и индиректни навреди, а публиката беше вџашена.

Фото: Фејсбук / Ване Цветанов

Но, сепак љубовта победи.

Ване и Дунавка си дадоа втора шанса, а сега уживаат во својата љубов.
Последните сончеви денови парот одлучи да ги помине во Хрватска. Тие посетија неколку дестинации во оваа земја, па одлучија и да се пофалат на социјалните мрежи.

Дунавка изненади со летни фотографии во чиј опис секогаш ставаше мотивациони пораки до сите следбеници.

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

„Љубоморните жени ги разбирам, љубоморните мажи не можат да ги разберам, никако да прифата,“, стои во описот на една од фотографиите.

Дунавка одлучи да даде мал совет до жените кои ја следат. Се чини дека таа секојдневно се чувствува како кралица, па порача дека секоја жена треба тоа да го искуси.

„Во животот треба да знаете кога и каде да бидете кралица. И за тоа да живеете. Ни помалку, ни повеќе“, напиша таа.

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Фејсбук / Ване Цветанов

Фото: Фејсбук / Ване Цветанов

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

Фото: Инстаграм / Дунавка Трифуновска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button