Драмата Орданоски не престанува, Роберт ѝ испрати нова порака на својата „фотошопирана барбика“ Агнеса: Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно…

Веќе цела недела главна тема во медиумите е разводот на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса Орданоска.

Орданоски, кој сега е вработен во МЕПСО, прв ја започна „војната“ и на својот Фејсбук профил објави видео од роденденот на неговата ќерка, во чиј опис ја откри причината за разводот нарекувајќи ја Агнеса „фотошоп барбика“ која се разведува од него затоа што тој повеќе не е директор.

ФОТО: Роберт Боби Орданоски/Фејсбук

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Agnesa Ordanoska не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде соодветен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел Молика, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома.
Тоа е тоа, одиме понатаму“, напиша Ордановски на Фејсбук, и неговата објава веднаш предизвика бура реакции.

Тој во интервју за „Женски магазин“ ја раскажа целата приказна за нивната љубов. Истакна дека нивната разлика од 15 години се трудел успешно да ја менаџира.

„На 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општество, а тоа е семејството.

Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“, вели Орданоски за Женски магазин.

Тој додаде дека потекнува од семејство на интелектуалци кои живеело скромно, а Агнеса отскокнувала од тоа. Вели дека татко му бил правник – судија, а мајка му професор по книжевност, брат му инжинер по информатика.

„Секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството.

Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: ‚Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш. Од неделата до средата на секој начин се обидував да ја смени одлуката, буквално ја молев, сепак залудно, нејзиниот став беше цврст дека крајот е тука“, раскажа Орданоски.

Тој додаде дека од Агнеса нема спогодбено да се разведе и дека ќе се бори за своите деца.

„Не знам сè уште што ќе научам, знам само дека Агнеса ме у bи без испукан куpшум, ќе се обидам барем децата да не страдаст и да имаат два функционални родители … Но, едностраната одлука на Агнеса и неоставањето простор за разговор, компромис, не ми остава многу надеж за тоа .. Знам дека нема спогодбено да се разведам, ќе се борам за децата до последниот атом сила во мене …“, раскажа Орданоски за Женски магазин.

Тој преку статус на Фејсбук побара и совет од некој брачен советник затоа што кога се вратил од Пелистер, сфатил дека сопругата, Агнеса Ордановска, освен што му побарала развод, и се преселила кај нејзините.

– Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму.. Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер.. Бара децата да ги однесам таму.. Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам… Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од понеделникот, решив да ги однесам таму.. Што од правен аспект значи оваа циркузијада…? Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација… А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома – напиша тој на „Фејсбук“.

Агнеса во изјавите кои ги даде за неколку медиуми кажа дека се чувствува вознемирено и потресено, но и дека најголема жртва на целата драма се токму нивните деца.

„Многу е лесно да се нападне жена која се грижи за себе, да ѝ се припишат разни афери, да се кажат лаги и невистини. Знам дека после ова многу луѓе ќе ми се ситат, ќе ме исмеваат, ќе велат дека сум заслужила, но и покрај тоа мене ми се најважни чувствата на моите деца и ќе направам сè за да ги заштитам“, кажа Агнеса за „Репртер“.

Истакна дека сето ова ќе остави белег врз децата и ќе биде траума за нив, особено затоа што нивниот татко јавно ја навредува нивната мајка и додаде дека е лута бидејќи во јавноста почнале да се објавуваат фотографии од нив.

„Навистина сметам дека брачните проблеми треба да се решаваат меѓу сопружниците, дома, а не на Фејсбук и со јавни навреди. Сето тоа го гледаат децата и ова се големи трауми за нив. Но, ако за нешто сум среќна во оваа непријатна ситуација, тоа е што многу жени, дури и жени кои не ги познавам, ми пишаа да ми дадат поддршка и застанаа на моја страна“, додаде Агнеса за „Репортер“.

За порталот „Слободен печат“ Агнеса изјави дека почнала да консумира и лекови за да се смири од целиот шок.
„Не можам да се смирам. Пијам дијазепами. Имаме две малолетни деца и не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук.

Се знае дека брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, зошто тие се во период кога растат, созреваат. Па оваа објава ја читаат и нивните другарчиња, па оправдано стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација –изјави Агнеса во телефонски разговор за „Слободен печат“.

Откако мислевме дека целата драма малку спласна, Орданоски повторно се огласи на Фејсбук, упатувајќи нови навреди кон неговата сопруга, обвинувајќи ја за недоволна грижа кон децата.

„Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно, децата не се дома кај што им е компјутерот за онлајн настава, учебниците и приборот“, напиша Роберт.

Вчера тој повторно ѝ посвети статус на својата „фотошопирана“ барбика и побара да седне со него за разумно да се договорат.

„Целава оваа рашомонијада е поради фактот што не можам да се договорам фер и вонсудски да се спогодам. Бракот е готов, тоа е и повеќе од јасно.

Предлогот кој го добив од другата страна е комплетно нефер, ќе ме лиши од се за што сум се борел во животот.
Нека седне со мене, со или без посредник, јас сум разумен човек, ќе се договориме.

Благодарам на сите за поддршката, негативните коментари ги игнорирам, среќен празник и се најдобро“, напиша тој.

Дали целата оваа семејна драма ќе има сепак среќен крај, останува да видиме.

(Visited 951 times, 1 visits today)