Фолк дивата Драгана Мирковиќ за сиве овие години има армија обожаватели кои се со неа, ја сакаат и поддржуваат со нејзините големи хитови и блескавата кариера долга речиси 4 децении.
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
Драгана од самиот почеток важи за една од најубавите жени во регионот, што е случај и денес иако не претрпе драстични промени во физичкиот изглед.
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
Изгледот на Драгана Мирковиќ се промени само поради годините, што придонесе балканската ѕвезда да изгледа нешто посериозно, но не помалку убаво, а таа е една од ретките кои не сакаа да експериментираат со естетски интервенции кои се исклучително популарни и вообичаени денес.
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
-Свесна сум дека одамна е време да маправам такво нешто, но избегнувам. Не сум љубител на тоа и некако се плашам. Се плашам дека може да ми го смени личниот опис.
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
– Некако мислам дека ако им се допаднам на луѓето, нема да се променам. Ќе бидам симпатична баба еден ден – изјави во една прилика со шеговит тон за „Гранд њуз“ пејачката која плени со својата препознатлива насмевка.
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
Изгледот на Драгана Мирковиќ, без разлика на килограмите добива низа комполименти од нејзината армија обожаватели а таа еднаш искоментира што мисли за тоа.
фото инстаграм/Драгана Мирковиќ
– Како и секоја жена, не познавам толку нарцисоидна личност која е толку задоволна со секој дел од своето лице и тело. Имам неколку килограми вишок и тоа е сосема во ред, сакам да изгледам така. Не сакам да сум премногу слаба, мислам дека и тоа не е убаво, но на камера изгледам како да сум подебела десет килограми и тоа ме нервира, изјави Драгана во една прилика.
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ