Реклама
Наши ѕвезди

Драгана Мирковиќ го запали Инстаграм – по Жан Клод Ван Дам повторно во друштво со позната светска фаца (фото)

Реклама

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ на својот профил на Инстаграм често објавува фотографии на кои е во друштво со своите познати пријатели. Од Жан Клод ван Дам, па до синот на Џон Ленон, Џулијан, Драгана очигледно добро стои со многу познати светски фаци.

Се запознавме преку наши големи пријатели, семејството Лабија и сопственикот на Фешан телевизија, Мишел Адам. Започнавме дружба, а уште првата вечер не сакаше да не пушти да си одиме дома, изјави Драгана за српскиот Блиц во врска со нејзиното пријателство со познатиот холивудски актер Жан Клод ван Дам откако минатата година, тој и испрати роденденска честитка која заврши во медиумите.

Маркетинг

Таа објави заедничка фотографија и со синот на Џон Ленон, Џулијан, со кого се сретна во Монте Карло.

Маркетинг

Џон Чарлс Џулијан Ленон е англиски музичар и фотограф, но се уште е најпознат како син на Џон Ленон. Неговиот прв студиски албум „Valotte“ беше објавен уште во 1984 година, под името Џулијан Ленон, а последниот во 2011. Можеби не постигна некој поголем успех во светот на музиката, но сепак продаде преку пет милиони плочи.

Познатата фолк-пејачка за оваа пригода носеше интересен долг фустан кој и стоеше феноменално. Фустанот е со раскошен животински дезен и впечатлив црн ремен, со асиметричен крој во горниот дел, односно со само еден ракав, а пејачката целото издание го заокружи со шик фризура.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button