Драгана Мирковиќ во шок кога дознала која е девојката на синот и им порача: Немојте да ми го расипете пријателството!
Драгана Мирковиќ во јавноста многу не сака да го истакнува приватниот живот, ниту пак нејзините деца медиумски се истакнуваат.
„Во денешно време младите луѓе само сакаат да бидат во центарот на вниманието, да се видени, а моите деца не сакаат, тие не се во тој филм“, рече пеjaчката и додаде дека нејзините деца сметаат дека приватноста е нешто највредно и синот еднаш и рекол дека сака луѓето да го сакаат поради него, а не поради тоа што е син на Драгана Мирковиќ.
Драгана многу се изненадилакога синот и соопштил која е негова девојка.
„Девојката на мојот син е ќерка на моите куќни пријатели. Кога тоа го слушнав, му реков: „Марко, па што ми правиш! Немојте да ми го расипете пријателството!“, раскажа Драгана во емисијата „Премиера“.
Таа откри пред камерите и тоа дека со своите деца и со сопругот дома заборуваат на српски јазик и објасни зошто го прават тоа.
„Дома се зборува на нашиот јазик за да не чувствуваме дека живееме надвор од земјата. Тоа е нешто што децата мора да имаат. Ги обожуваат своите баба и дедо и сакаат кога ќе дојдат на село. Ним тоа им е сосема поинаку од она како што ние живееме, па дури носеа и пријатели од Австрија“, раскажа пејачката.