Во медиумите на големо се пишуваше за разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ но до сега нема никакви новости за тоа дали дефинитивно парот стави крај на бракот.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Нивните фанови се убедени дека парот ќе пронајде заеднички јазик и повторно ќе бидат заедно.
Душко и Јелена се уште живеат под ист покрив, заедно слават празници и се грижат за ќерките Ника и Атина па поради тоа многумина сметаат дека ќе ги поминат несогласувањата.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Очигледно, такво нешто веќе не е можно, барем засега.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Карлеуша минатата година гостуваше во емисијата „Први ред“ на К1 и последен пат зборуваше на оваа тема, велејќи дека Душко не може да живее без неа.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Душко и Јелена сакаа големо семејство, но за жал Јелена имаше два спонтани абортуси по раѓањето на Ника.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Желбата на Душко да добие син остана неостварена.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
– Се надевам дека еден ден ќе имам син кој ќе ме наследи на фудбалскиот терен. Моментално имам четири жени во куќата, така што сум во малцинство, па не треба да ве чуди што сакам син. Меѓутоа, ако имам девојче по трет пат, не би се разочарал. Одиме понатаму, додека не се роди малиот Тошиќ – изјави Душко во една прилика за Свет.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Сегашната единствена желба на поранешниот репрезентативец е да ги среди односите со сопругата, доколку тоа е воопшто можно а тоа најмногу би ги израдувало нивните наследнички.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Неодамна Јелена истакна дека му е благодарна на Душко што ја почитува и за тоа што го почитува начинот на кој таа ги воспитува нивните ќерки.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
– Морам да го пофалам, тој има голема почит кон моите образовни методи. Што сака Ника и Атина, ако реков дека не може или обратно, тој ќе го почитува. Тој знае колку сум посветена мајка.