Реклама
Вирално

Доктор Глигиќ дава нови насоки за истражување: Оние кои дома чуваат мачка, не заболуваат од корона!?

Реклама

Д-р Ана Глигиќ се води со паролата – се додека не е научно докажано, за неа не постои. И како што вели, не одговара на прашањата за теми кои не се научно докажани. Таа зборуваше за прогнозите за престојниот пик, содржината на вакцините и за животните преносители на короната.

– Се’ уште сме во првиот бран од коронавирус, она што престои се повремен пад и пораст на случаите. Ќе има повеќе пикови, но втор бран нема да има, вели д-р Глигиќ.

Маркетинг

Таа смета дека коронавирусот долго ќе биде меѓу нас и повремено ќе создава проблеми.

– Се стравува од есенската средба со грипот и короната зошто двата вируси имаат афинитет за респираторни – дишните патишта, за при истовремена инфекција, кај исто лице со двата вируси прогнозата би била лоша. Што се однесува до појава на следниот, втор бран корона, мислам дека нема да има, тоа и претходно го изјавив, затоа што знаев дека овој бран ќе трае долго. До вториот бран ќе дојде тогаш, кога подолго време ќе го запреме јавувањето на короната меѓу луѓето, па потоа ќе се појави во облик на групни заболувања во епидемиска форма или во пандемија – тоа ќе втор бран. Тоа е поради тоа што вирусите со потекло од одредени диви животни и еден летечки цицач (лилјак) тешко се проучуваат, а уште потешко се искоренуваат.

Д-р Глигиќ смета дека причината за различни клинички слики кај луѓето, различни видови на вируси, сето тоа зависи кој бил првобитен преносител, кој вид на животно.

Маркетинг

Истражувањата кои тоа го истражуваат траат со години, тоа е долг процес кој трае две, три или четири години. За две години ќе се знае детално за овој вирус, наведува таа.

-Јас очекував дека ќе се добијат проекти кои би истражиле се што се случува околу нас. Треба да ги испитаме сите тие различни видови корона, што се и што можат да предизвикаат. Но тоа е долг процес кој трае со години и се работи по проект. Јас водев четири меѓународни проекти со лабораторија од Атланта, Американската армија и со Кореја и истражувавме различни вируси. Ние докажавме дека глувчешката треска има четири видови, а се зависи од кој вид глушец поминала врз човекот. На пример, ако е од полски глушец – смртноста кај човекот е 16 отсто, а ако е од стаорец тогаш е 1 отсто. Тоа се разликите во клиничките слики, зошто зависи од кој домаќин во природата короната преминал. Од лилјак преминала на домашни животни.. дури уништила и една фарма на мисирки зошто короната ги нападала.

Мачките се отпорни на корона?

– Се појавија интересни написи на тема мачки кои пренесуваат коронавирус. Имено, интересно е што мачките, како се што вели, можеби се имуни на коронавирусот.

Ваквите студии се многу тешки за истражување, а уште потешки за докажување.

– Кога би имале некој проект, да ги испитаме сите тие животни со кои доаѓаме во контакт, и да видиме кои видови на корона тие ги носат и што може да му направат на човекот… Тоа ќе може да се дознае за година две. Има написи кои говорат дека нема ниту еден заболен човек кој дома чува домашна мачка. Не заболел никој кој има мачка! Значи мачешката корона му дала имунитет дури и кон овој вид коронавирус кој сега циркулира… Значи тоа треба да се истражи, докаже.

Можна е алергиска реакција на вакцината

Русите ја произведоа првата вакцина која доби официјална регистрација во Министерството за здравство на Русија, а лекот во Русија ќе биде регистриран после сеопфатни клинички испитувања.

„Вирусот мора да протатне низ нас или мора да се вакцинираме“, вели д-р Глигиќ.

– За вакцина против коронавирус се избрани оние кои проверено не можат да му наштетат на човекот. И тогаш на нив им додават парченце од короната кое влијае на имунолошкиот систем на човекот за да произведува антитела. Сето тоа на хартија се пресметува и точно се гледа што дава вакцината. Исто така, вакцината мора со нешто да се разреди, тоа може да биде физиолошки раствор со додаток на телешки серум. Е сега, човек може да биде алергичен на таа состојка која се додава, и може да добие температура како реакција, но не и корона. Но вакцината мора со нешто да се разреди, вели д-р Ана Глигиќ, познатата српска докторка – инфектолог која пред години се справувала со епидемијата на вариола вера.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button