Докторка ја изгуби лиценцата поради секс со пациент болен од рак

Онкологот Тепе Сундарилингам ја изгубила медицинската лиценца откако се открило дека сексуално го експлоатирала нејзиниот пациент, пишува „Дејли Мирор“.

Фото: Јутјуб, Принтскрин

Докторката скоро една година спиела со маж кој боледува од рак кој реши да ја тужи поради тоа што се чуствува злоупотребено и скршено.

ADVERTISEMENT

„Тешко е да се зборува за тоа бидејќи сум маж. Кога ќе кажам некому дека сум бил со докторка за некого тоа е кул, но за мене не беше така. Тоа беше непримерно од нејзина страна. Таа ме искористи во најтешките моменти од мојот живот”, вели пациентот кој сакаше да остане анонимен.

ADVERTISEMENT

„Таа имаше моќ и рече дека нема да ме лечи, ако ја одбијам. Потоа ми го даде нејзиниот број и профил на Инстаграм за да можеме постојано да комуницираме”, изјави нејзиниот поранешен пациент кој боледува од рак за „Дејли Мирор“.

Facebook Comments
(Visited 1.312 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT

ADVERTISEMENT