Реклама
Вирално

Докторите во шок од напуштеното петгодишно девојче што беше пронајдено во хорор станот – никој не ја научил како да јаде, да спие во кревет, не знае да зборува

Реклама

Петгодишното девојче кое од страна на руските медиуми беше наречено „женското Могли“, а кое беше пронајдено во понеделникот само во стан целосно затрупан со ѓубре, лебарки, гладно, болно и неразвиено, се опоравува во болницата.

Девојчето спиеше во ѓубре кое беше насекаде низ станот, немаше храна, а полицајците при влегување мораа да носат заштитна облека. Тие веднаш забележав дека девојчето и не зборува, дека само произведува бучава и дека не е социјализирано. Покрај тоа, тоа се плашеше од водата. Станот во кој беше пронајдено беше покриена со ѓубре и речиси ништо не работеше во него. Немаше храна, а водата и струјата беа исклучени поради неплатени сметки.

Маркетинг

Покрај неа сега е правобранителката Ана Кузнецова, а од болницата се објавени и првите фотографии.

Маркетинг

Девојката почнаа да ја викаат Љубов, односно Љуба.

„Секое овошје или било која друга храна што ќе и ја понудивме таа најпрво ја мирисаше. Дури потоа ќе се осмелеше да ја земе во рацете. Беше многу вознемирувачки да се гледа. Никој ја нема научено да спие во кревет. Многу се изнамачивме додека успеавме да ја заспиеме. Многу се плаши од вода“ – изјави за „Скај Њуз“ Кузнецова.

„Ние речиси ќе падневме во несвест кога го видовме станот во кој беше девојчето и како смрдеше. Полицајците мораа да носат заштитни костуми. Ѓубрето веќе беше скапано и мирисаше многу лошо. Девојчето седеше на клупата покрај прозорецот на кујната. Имаше шапка и маица. Немаше долна облека. Плачеше постојано. Немаше храна во станот, а на секаде имаше лебарки“, изјави соседот кој прв го слушна очајното плачење на детето.

https://www.youtube.com/watch?v=f0ZWSyLR88c

 

Откако полицијата го спаси бебето, мајката се врати и соседите ја спречија да избега. Таа веднаш беше уапсена под обвинение за обид за убиство и е задржана во притвор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button