Реклама
Вирално

Атиџе се уште живее КРПЕН ЖИВОТ, преживува само благодарение на своите вредни пчели (видео)

Еве како преживува медената хероина, без социјална помош

Реклама

Атиџе Муратова е жена која со својот живот и посебно односот што го има со своите пчели никого не остава рамнодушен.

Таа го освои светот со својата животна приказна прикажана во документарниот филм „Медената земја“, кој се прикажуваше на Оскарите.

Пред да стане славна, Атиџе заедно со својата болна мајка живееше во трошна куќа, а пчелите и медот и беа единствен начин за приход.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук ТВ 24

По големиот успех што го постигна документарниот филм, многумина и помогнаа на хероината, па таа се пресели од Бекирлија во Дурфулија, во понова куќа, која благодарение на хуманите луѓе успеа да ја среди.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук ТВ 24

Но како што вели во своето последно интервју што го направи новинарот Сунаи Сабриоски за Телевизија 24, Атиџе веќе осум месеци не прима социјална помош, која ѝ ја укинале бидејќи, како што вели самата, „мислат дека кој знае колку пари земала од медот“.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук ТВ 24

Но како што објаснува таа, ако нема-нема, ќе се снајде, ќе работи нешто, само не може повеќе да се нервира.

„Никогаш да не заборавиш на сиромаштијата, но и да не се надеваш на богатството“ вели Атиџе, на која не и е тешко и на своите роднини да им помага околу садењето тутунот, потсетувајќи го новинарот на Телевизија 24, кој и самиот како дете нижел тутун, дека порано луѓето така си помагале еднина други.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук ТВ 24

Таа денес преживува само благодарение на своите пчелите, и како што вели, додека ги има нив, ќе го има и здравјето.

„Нема ли пчели, нема ни здравје да има“, вели македонската кралица на медот додавајќи дека само во нив се надева, ниту во пензија, ниту пак во нешто друго.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук ТВ 24

Природниот мед е лековит!

Во продолжение погледнете уште едно интересно интервју со Атиџе, во кое исто така зборува за пчелите

На прашањето на новинарката на „Слободен печат“ од каде и е реченицата „половина мед за мене, половина за пчелите“, по која што стана позната, Атиџе објаснува дека сама ја смислила, односно дека пчелите се како луѓето, и дека исто како нив и тие треба да се спремаат за зимото, затоа и треба да им се остави мед.

Фото: Принтскрин/ Јујуб, Медена земја

Како што вели во интервјуто, пчелите се многу осетливи и тие уште во мај знаат каква ќе биде следната зима, па така доколку зимите треба да бидат слаби, тие и помалку собираат мед за да презимуваат, како што е случајот во последните години, кога и луѓето од нив, односно од тоа пто има помалку мед, знаат дека ќе има поблаги зими.

Фото: Принтскрин/ Јујуб, Медена земја

Целото интервју со Атиџе погледнете го во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Јујуб, Медена земја

Фото: Принтскрин/ Јујуб, Медена земја

Фото: Принтскрин/ Јујуб, Медена земја

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button