Добрила го има рецептот за долговечност – и на 96 години животот ѝ е песна
Ова е „рецептот“ за долговечноста на македонската жива легенда.
Добрила ја гази десетата деенија од животот, но изгледа минимум 30 години помлада.
Многумина ја нарекуваат баба змеј, жената која никогаш не пиела лекови и која со својот начин на живот и во десетата деценија докажува дека годините се само број.
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
Добрила Чабриќ и денес е посветена на својата кариера.
Таа е доајенка на Македонскиот народен театар и естраден уметник. Родена е на 1 февруари 1928 година во Бариќ кај Голубац во близина на Пожаревац, Р. Србија.
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
Во МНТ се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“.
Во овој театар за единаесет години активна актерска кариера остварила 29 улоги.
ФОТО: Фејсбук / Добрила Чабриќ
Била мажена со Миленко Чабриќ со кого го има еден син, кој за жал повеќе не е меѓу живите.
Јавноста имаше можност и да ја гледа како дел од регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ пред 6 години и на кое извојува победа.
ФОТО: Принтскрин
И покрај тоа што има 96 години, Добрила и понатаму сама вози, а неодамна си купи и нов автомобил.
Добрила гостуваше во утринската емисија на Канал 5 телевизија, каде откри дека денот воопшто не ѝ поминува без песна.
ФОТО: Принтскрин
Песната за неа е лек против стресот.
Станува од спиење – пее, готви – пее, пие кафе – пее.
„Сега бев два месеци во Србија, со промоција на книга, настапи, насекаде ме викаат, ништо не ми е тешко.
Времето многу брзо проаѓа, јас и не знам како се створија толку години во мене, ама навистина тоа е само на хартија, врска нема со мене тоа.
Ја минувам границата, човекот полцаец го гледа пасошот, вика вие кога сте родени, викам па пишува, па не би ви дал повеќе од 60 години“, рекол полицаецот, на што Добрила на шега му одговорила: „Па и толку имам“.