Ги броиме деновите до крајот на ретроградниот курс на Меркур (15 мај), па планетарната ситуација ќе се промени на подобро во наредната недела, дури и кога се парите во прашање.
Играме уште една рунда ѕвезден рулет и одредени знаци ќе имаат поголема финансиска среќа од другите. Јупитер, планетата на среќата, влегува во Бик на 16 мај, а оваа планетарна положба ќе им одговара на повеќето хороскопски знаци.
Доколку се прашувате кој ќе има пари до 20 мај, ова се најсреќните хороскопски знаци: Бик, Овен, Девица и Риби.
БИК
Ви претстои недела со среќни настани, бидејќи Јупитер влегува во вашиот знак каде што ќе остане околу една година. Меркур оди напред, па носи подобрување на финансиската состојба. Сите муабети за пари конечно имаат шанса да се реализираат.
ОВЕН
Јупитер влегува во Бик и го чува вашето поле на финансии. Не е исклучено да откриете нов извор на приход, па да остварите профит врз основа на угостителството, но и банкарството. За вас нема да има зима кога се парите во прашање.
ДЕВИЦА
Венера во Рак ви носи заработка со пријателите. Исто така, доверлива личност може да ви помогне да добиете повисоко платена работа. Ракот е добар партнер за заработка.
РИБА
Сатурн е во вашиот знак, па затоа треба да ги намалите трошоците. Но, Марс носи стабилна заработка до 20 мај, па можете да очекувате добивка.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Бик.