Хороскоп

Доаѓаат МНОГУ тешки денови за овие ТРИ знаци на Зодијакот!

Ова лето ретроградниот Меркур трае од 23 август до 15 септември

Advertisement

Ова лето Сатурн, Уран, Нептун, Плутон, Венера и Меркур ќе се движат во ретроградно движење. Додека ги прифаќаме неочекуваните промени кои ја сочинуваат нашата реалност, тоа ќе биде период да дознаеме повеќе за себе, пишува „Вице Астро“.

Advertisement

Венера, планетата на љубовта, убавината, уметноста и парите, летово е ретроградна од 22 јули до 3 септември. Во овој период парите ќе исчезнат, емоциите ќе се истрошат, а наеднаш може да се појават веќе речиси заборавени љубовници. Може да биде непријатно, но ова е време кога очите ни се отвораат за нашите врски и за она што навистина ни треба во љубовта.

Ова лето ретроградниот Меркур трае од 23 август до 15 септември. Со ретрограден Меркур, очекувајте секакви досадни мали животни грешки да се повторуваат – одново и одново…

ФОТО: fashionlady.in

Рак

За емпатичниот и заштитничкиот Рак овој период може да биде особено тежок. Венера ќе оди ретроградно низ втората куќа на парите и вредностите.

фото илустрација

Венера бара од Ракот навистина да се справи со она што го сака и што му е важно. Плутон полека ќе се движи низ седмата куќа на врската. Ова е време Ракот да се соочи лице в лице со своите стравови за интимност и врски. Без сомнение, може да биде страшно и многу тешко да им ја кажете вистината на вашите најблиски и на самите себе. На долг рок, драмата ќе се исплати, бидејќи Ракот ќе гради врски кои на крајот ќе го исполнат.

Кога Меркур ретрограден ќе пристигне на 23 август, Раковите можат да го очекуваат неочекуваното, особено во нивните социјални кругови. Тие треба да се трудат да се приспособат на другите и да не земаат при срце сè што ќе слушнат од луѓето околу нив.

Девица

Перфекционистичката Девица не сака кога работите не одат според планираното, а може да има многу такви ситуации ова лето. Имено, на 10 јули, агресивниот и ориентиран кон акција Марс ќе се всели во првата куќа на идентитетот. Тоа може да биде многу корисно кога станува збор за самопотврдување и исполнување на вашите планови.

Сепак, Девицата ќе се чувствува луто и борбено. Физичката активност може многу да помогне во овој период на фрустрација. Особено кога Сатурн му се спротивставува на Марс на 19 јули и ситуацијата станува уште потешка. Овие две штетни планети кои се спротивставуваат една на друга ќе предизвикаат Девицата да нема самодоверба и да биде ранлива на љубоморни и огорчени луѓе.

Важно е да избегнувате конфликти што е можно повеќе.

dnevenhoroskop2

Венера ќе биде ретроградна почнувајќи од 22 јули, барајќи од Девицата да размисли за нејзините минати врски. Некои луѓе од минатото можат повторно да се појават во животот на Девицата. Најдобро е да не донесувате важни одлуки во овој ретрограден период

Меркур владее со Девицата, па овој хороскопски знак е исклучително ранлив за време на ретроградниот тек на планетата. Овој ретрограден Меркур минува низ знакот Девица, и минува низ нејзината прва куќа на идентитетот и превртува сè наопаку!

Водолија

Водолијата ќе биде тестирана додека Плутон го пробива патот низ 12-та куќа и го предупредува овој знак дека не е време за чување тајни.

Од 19 јули Сатурн ќе предизвика напнатост и ќе доведе до недоверба и чувство на несигурност, особено во финансиите. Водолиите ќе очекуваат профитабилна работа, но астролошките аспекти укажуваат на пропаст или некој ќе ја разочара Водолијата.

Чувството на самодоверба ќе биде засегнато. Водолијата не треба да дозволи мала несреќа да ги поколеба. Овој предизвикувачки аспект брзо ќе помине.

Почнувајќи од 22 јули, Венера, планетата на љубовта, ќе оди ретроградна низ седмата куќа на врските. Ретроградната Венера ни дава можност да видиме што не функционира во нашите односи, а понекогаш тоа може да значи дека сме подготвени да раскинеме со некого. Ова лето Водолијата сериозно ќе ги преиспита своите врски, особено љубовните.

ФОТО: pixbay.com

Кога прашината ќе се спушти и Венера ќе оди директно, тензијата ќе се намали и Водолијата е слободна да продолжи понатаму.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button