Длабок шлиц и витки нозе – русокосата Агнеса позираше занecно во ПPOВОКАТИВЕН МАТУРСКИ фустан и сите ги воодушеви
Модна инспирација – Агнеса Органџиева и матурските фустани
Агнеса Органџиева на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии на која позира во преубав матурски фустан.
Во прашање е долга креација во тиркизна боја, со тенки прерамки и длабок шлиц со кој никого не остави рамнодушен.
За контраст Органџиева избра кармин во страсна црвена боја, а долгата руса коса и беше виткана.
„Девојки дали сте спремни за вашата матура?, напиша Агнеса врз една од нејзините фотографии.
Идеални комбинации за матурска
Долгите сатенски фустани никогаш нема да излезат од мода, барем кога станува збор за матурските забави.
Оваа преубава светло сина нијанса е одличен збор за пролетниот периот, така што овој „look“ на Агнеса дефинитивно е сето она што секоја девојка би го посакала од својот матурски фустан.
Посебно што при креирањето на овој матурски „look“ Агнеса доби совршен спој на провокација и „princess“ стилот.
Во продолжение погледнете уште неколку топ фустани кои се совршен избор за матурските забави: