Огласи
Вирално

Директорката на Клиниката за кожни болести позитивна на КОВИД-19 едуцирала и деца како да се заштитат од коронавирусот

advertisement

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска е позитивна на КОВИД-19.

Таа пред една недела се вратила од Италија и изминатите пет работни дена одела на работа. Филипче изрази разочараност од неодговорниот однос на заразената директорка.Таа  ќе биде разрешена од функцијата, откако ќе завршат изборите, соопшти Филипче.

реклама

Во текот на викендов, диреккторката на Клиниката одржала и семинар на кој присуствувале 100-тина лица, и сите имаат препорака да бидат во домашна изолација. Слата каде е одржан семинарот е веќе дезинфицирана, исто како и Клиниката за дерматовенерологија.

193 лица се сместени во домашна изолација заради корона вирусот. Ваквиот непосреден и голем број на изолации е резултат на четвртиот пациент заболен од оваа болест, а тоа е лично директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје.

Покрај овој семинар Билјановска  минатата недела била присутна во скопското основно училиште „Братство“ каде била задолжена на децата да им направи едукација за заштита од коронавирусот. Оваа информација беше објавена на социјалните мрежи од страна на загрижен родител, по денешната информација во која беше потврдено присуство на вирусот кај директорката на оваа скопска клиника.

Марpкетинг

 

 

Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, треска, кашлање и краток здив.Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено додека грипот настапува нагло.

Како што лекарите многупати досега објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот, кога најголемиот број пациенти и се јавувале на лекување.

advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button