Вести

ДЗС: За еден месец платата на секој вработен во Македонија се зголемила за 1500 денари

Advertisement

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

За еден месец, платата на секој еден вработен во Македонија во просек се зголемила за повеќе од 1500 денари, покажува анализата на државниот завод за статистика. Според неа, во ноември лани просечната плата изнесувала 38.359 денари додека во декември лани платата скокнала на 39.998.

Advertisement

Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60 036 денари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button