Реклама
Наши ѕвезди

Децата со попреченост не треба да се избегнуваат – СИЛНА ПОРАКА на Будимир која има дете со аутизам

Реклама

Аутизмот е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст.

Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе. Причините за зголемениот број на случаи со аутизам се непознати.

Маркетинг

Родителите обично ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомите обично се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат нормално, а потоа нивниот развој назадува. Иако преземањето мерки во поглед на воспитување или учење за спознавање на светот уште во раниот период од детството може да им помогне да станат способни да се грижат за самите себе, да комуницираат и да се социјализираат, не постои лек којшто делува 100 процентно.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

На 2. април беше Светскиот ден аутизмот, па на повеќе локации во Скопје беше одбележан денот за подигнување на свеста за оваа болест, со испраќање на пораката дека лицата со аутизам се рамноправни членови во нашето општество.
Поранешната ракометарка Андријана Будимир води голема животна битка заедно со нејзиниот син кој има аутизам.

Маркетинг
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Сите ја паметиме како ракометарка во ракометниот клуб „Кометал“, кој испиша историја, но и како најголема љубов на нашата најголема музичка ѕезда Тоше Проески.

Во тој период Андријана се повлече од јавноста и одбиваше да разговара со новинарите за никогаш непреболениот Тоше. За нивната љубов се дозна по смртта на Тоше, а медиумите тогаш почнаа интензивно да пишуваат за неа.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Адријана, нивната љубов мораше да ја докажува и на суд затоа што долгогодишната менаџерка на Тоше, Љилјана Петровиќ ја обвинила дека лаже и дека никогаш не била девојка на славниот пејач. Пресудата на крајот била во корист на Будимир, а Петровиќ морала да ѝ исплати 300.000 денари отштета поради клевета и да плати околу 500 евра за судски трошоци.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Пет години по загинувањето на Тоше таа се омажи со скопкиот угостител Јохан, со кој претходно една година беше во љубовна врска. Медиумите во тој период пишуваа дека Андријана и Јохан свадбата ја направиле во летната дискотека Колосеиум.

Кум на нивната свадба беше ракометарот Наумче Мојсоски, а старосватица на невестата ѝ беше успешната ракометарка Мими Чупиќ, која исто така беше дел од „Кометал“.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Плод на нивната љубов е нивниот син Максим. Јохан веќе има две деца од првиот брак. Будмир по раѓањето на Максим изјави дека очекува тој да биде ракометар.

Тие двајца не се многу активни на социјалните мрежи, но понекогаш објавуваат семејни фотографии.

Максим на први март наполни 7 години, а неговата мајка дури сега одлучи јавно и отворено да зборува за нивната заедничка битка.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Ракометарката Андријана Будимир е борец на теренот, борец во животот. Нејзината битка сега е нејзиниот син, дете со попреченост.

Андријана, како и останатите родителите на деца со аутизам, секојдневно се бори за да му го олесни животот на синот Максим. Аутизмот е болест на денешницата која зема се поголем замав, и се повеќе деца заболуваат од неа.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

За предизвиците со кои секојдневно се соочува, и бори раскажува во видеото објавено на фејсбук-страната на Општина Карпош.

-Еден пример, кога сите имаат роденден, веќе родителите знаат дека син ми е на специјална исхрана, не смее да јаде чоколади, глутен.

Кога некој има роденден, носат бананчиња за сите деца, и за мојот син исто така една банана, за да знаат дека и тој е дел од роденденот. Кога доаѓаат часови по физичко образование, едноставно е тргнат на страна, затоа што професорот по физичко не може да манипулира со 35 деца, и со него посебно.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Мое мислење е дека треба да се воведе уште еден професор по физичко кој ќе биде задолжен само за деца со поп-реченост, значи тие деца да бидат комплетно инволвирани во наставниот процес по физичко образование.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Ова е една голема иницијатива и мислам дека не само општина Карпош туку и сите други општини на национално ниво треба да ја развиваат оваа програма. Како што кажа Вања, многу е битно, тој е и понатаму невербален.

Мислам дека со физичка активност ќе му се помогне да почне да зборува, се повеќе да се инволвира. Родителите се тие кои се повеќе треба да се едуцираат, па после да пренесуваат на своите деца дека тие деца не треба да се одбегнуваат“, рече Будимир.

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм
ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

ФОТО: Андријана Будимир /

ФОТО: Андријана Будимир / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button