И да врне и да вее, точак се вози и се смее
И додека повеќето од нас своите велосипеди преку зима ги складираат на некое суво место и чекаат да дојдат подобри временски услови за возење, основците во Финска ги возат своите велосипеди и во зима.
Финскиот град Оулу е одличен пример за активен велосипедизмот и кога температурите се под минус 15 степени. Имено, со адекватна инфраструктура и урбанистичко планирање жителите на овој град покажаа дека и преку зима можете да ги користите вашите велосипеди.
Погледнете ја фотографијата од локалното основно училиште и паркингот преполн со детски велосипеди.
1000 out of 1200 kids in this school in #Oulu, #Finland, arrive by #bicycle, even in winter. 100-150 walk, rest by ski, kicksleds and car. This day it was -17°C.
@WCCCalgary2019 #WCC2019 #wintercycling pic.twitter.com/8vgDEMf56R— Pekka Tahkola (@pekkatahkola) February 6, 2019
И да, заборавивме да споменеме, температурата кога е направена фотографијата изнесувала точно минус 17 степени.
Извор: 2bike.rs