Калифорниската болница The Doctors Medical Center има два автомобили на далечински управувачи.
Со овие автомобили нивните мали пациенти самите се возат до операционата сала, па така им се намалува стресот пред операцијата.
“Гледаме дека стерсот и вознемиреноста исчезнуваат веднаш штом влезат во автомобилот”, пишуваат на нивната Фејсбук страница на која е објавено видеото од едно девојче кое со задоволство ја вози колата до салата.
https://www.facebook.com/dmcmodesto/videos/428374571067771/?v=428374571067771
Првиот црн автомобил беше купен од страна на болницата минатата година, а други го добија како донација. „Розовата кола е донација на еден од нашите вработени и нејзиното семејство”, објаснуваат од болницата.
Објавеното видео стана вирален хит и луѓето се воодушевени од оваа иновативна идеја.
https://www.facebook.com/dmcmodesto/photos/a.282210245150691/2236846759687020/?type=3
„Прекрасно е да се види насмевка наместо страв и грижа на лицата на децата”, пишува во еден од коментарите.