Дете (5) го носело своето братче бебе на минус 30 степени – кога дошла полицијата, тие биле потполно сами и премрзнати
Не е објавено колку време децата биле оставени сами
Едно петгодишно дете кое останало само во едно зафрлено село на Аљаска го носело своето помладо братче или сестра половина километар на температура од минус триесет степени под нулата. Тие биле лежерно облечени, а помалото дете носело само чорапи и тенки алишта. Тие решиле да ја напуштат куќата откако снемало струја во нивниот дом.
Полицијата наведе дека момчето и бебе од само година дена во вторникот останале сами во нивниот дом во селото Винитај. Постарото братче се исплашило кога во селото снемало струја, а бидејќи во куќата немало никој постар, одлучило со бебето да тргне и да дојде до комшиите.
5-Year-Old Child Carried Toddler On His For 5 Miles In Below Freezing Temperatureshttps://t.co/MgSp6TfjyK
For full story, click here ⬇️#report #thedigitalwiseМаркетинг— The Digital Wise (@TheDigitalWise) December 7, 2019
Во прашање е село кое се наоѓа во внатрешноста на Аљаска каде преку зима температурите понекогаш паѓаат и до 40 степени под нулата.
Тие успеале да стигнат до комшијата, а тој викнал полиција. Констатирано е дека имале премрзнати делови.