“Детето во мене никогаш нема да порасне”: Лила во издание какво ја немате видено до сега (ФOTO)
Лила ужива за сите пари...
Македонската водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска реши да се одмори од секојдневните обврски, ги спакува куферите и замина во Бодрум.
Имено таа е многу активна на социјалните мрежи па со своите фанови секојдневно споделува интересни детали од патувањата.
И откако се пофали со изгледот на хотелот во кој престојува и го покажа луксузот со кој е опкружена, Лила го облече својот омилен костим за капење и реши да се релаксира максимално па посети еден аква парк.
Ведра и расположена, водителката покажа како ужива па следуваа бројни коментари дека изгледа беспрекорно.
-Детето во мене никогаш нема да порасне! И кога некогаш ќе “заглавам” во светот на возрасните брзо наоѓам начин да се вратам. Сите возрасни некогаш беа деца ама ретко кој се сеќава. Еве јас се потсетив денес во овој аква парк и немој да ме барате денес, имам неешто работа.