Деспот Лазиќ замина кај ангелите! Последните зборови што „детето пеперутка“ и ги кажа на мајка си пред да заспие засекогаш
„Детето пеперутка“ се пресели меѓу ангелите
Малиот и храбар Деспот Лазиќ (12), „момчето пеперутка“ од Бајина Башта, не ја издржа битката со тешката болест.
И покрај тоа што докторите од Институтот за мајка и дете во Белград се бореа до последниот момент за неговиот живот, тие не успеаја да го спасат малиот Деспот.
Поради недостиг на протеини, на Деспот му се отвораа живи рани по целото тело, а на допир му паѓаше кожата. Поради болеста му ослабна и срцето, а и градите му се полнеа со вода, па затоа беше сместен на интензивната нега во Институтот за мајка и дете во Белград каде што ја изгуби битката.
До последниот момент се бореше како лав
Деспот беше храбро момче кое со насмевка се бореше со тешката болест. Во прашање е тешка и ретка болест – булозна епидемолиза која предизвикува големи, болни и крвави рани. Кога една ќе се смири, се појавува друга на друг дел од телото, секаде каде што има кожа.
Во внатрешноста на органите се појавуваат пликови, па момчето мораше да јаде само кашеста храна. Болеста не дозволува правилно да му работат прстите, па тие се споија и на рацете и на нозете
И покрај болеста, момчето си играше и излегуваше надвор и цело време и пркосеше на болеста со која лавовски се бореше. Најголема желба му беше еден ден да тргне на училиште како и сите негови врсници, а клубот Партизан за кој навиваше му подари црно-бел дрес.
„Мама знам дека дојде крајот. Не се плашам. Сакам само да ме пуштите да заминам, немам сила повеќе да се мачам. Поздрави ги сите“, беа последните зборови што Деспот и ги кажа на својата мајка Софија пред да ја изгуби свеста. Кратко време потоа се пресели кај ангелите.
Нека ти е лесна земјата, младо и храбро момче…