Денеска се ставаат паричка во лепче и се палат огнови

Православните христијани според Јулијански календар вечер ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Утре Василица. Оние кои не кршеле погача со паричка на Бадник, тоа ќе го сторат вечерва, а во чест на Василица ќе бидат запалени познатите василичарски огнови.

Народот ја слави како Стара нова година, во чест на светецот Василиј Велики, но и како обрежување на Исус Христос. Во секое маало граѓаните со големи огнови, кои се симбол на божествената светлина ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година.

Според стариот обичај, од питата секој во семејството добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата годинаВасилица кај нас се слави во сите православни храмови.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.Многу семејства ја преземаат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.

(Visited 108 times, 1 visits today)