Денеска се празнува Огнена Марија: Таа е заштитничка на жените- Еве што не треба да правите на овој ден
Денеска е голем пранзик...
Денеска православните верници го слават празникот на светата великомаченичка Марина, кај народот познат како Огнена Марија.
фото илустрација
Таа се слави како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.
фото илустрација
Света Марина е родена кон крајот на третиот век, за време на владеењето на царот Диоклецијан во Јужна Анадолија, во Антиохија.
фото илустрација
На 16-годишна возраст, поради нејзиното отфрлање на понудениот брак и верата во Господ Исус Христос, била изложена на најлошите маки, а потоа погубена со меч за време на царот Диоклецијан.
фото илустрација
Се верува дека Огнената Марија секогаш одговара на молитвите и ги лекува болните, без разлика на религијата.
Според народното верување, Света Марина гори и казнува со оган исто како свети Илија, кој казнува со гром.
фото илустрација
На овој празник, кога поради големите горештини „горат небото и земјата“, не се работи.
Народна поговорка вели – кој ја слави Огнената Марија е сигурен во жетвата. На овој ден не се работат никакви домашни работи.
фото илустрација
Моштите на оваа светица биле во Константинопол до доаѓањето на крстоносците, а денес нејзината рака е во манастирот Ватопедо на Света Гора.
фото илустрација