Денеска именден празнуваат, Пантелеј, Панде, Панчо…

Денеска именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто,Панчо…

Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните.

Роден е во Никомидија во областа Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè“, а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив“. Татко му бил паганин, а мајка му христијанка, којашто од мал го воспитувала во христијански дух.

ADVERTISEMENT

Но таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот ученик.

Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки.

Пантелејмон секој ден го посетувал својот учител Евстрогиј. Патот минувал покрај една бедна куќичка во која живеел еден стар свештеник по име Ермолај. Тој посакал Пантелејмона да го воведе во вистинската вера. Најпрвин го повикал и го распрашувал за неговите родители и за неговото верување. Тој му раскажал за сè искрено дека мајка му била христијанка и додека била жива го воспитувала во тој дух, а дека татко му е паганин зашто сака да остане во служба на царот. Потоа свештеникот му зборувал на Пантелејмон за вистинскиот Бог Исус Христос.

Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести.. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос.

Facebook Comments
(Visited 76 times, 1 visits today)