Едно мало девојче во градинка цело време го покажуваше својот среден прст. И тоа не само едниот туку и од двете рацете.
И тоа траеше и траеше, речиси цела претстава. Најинтересно е што глумеше ангел, а во шок беше и нејзината мајка.
Имено, петгодишната Ела Леге најмалку 20 минути го покажуваше средниот прст во претставата што ја приреди градинката во Есекс минатата недела.
Претставата траеше 30 минути, а Ела која стоеше на сред бина, облечена во ангел во бело, речиси за целото тоа време маваше со средниот прст.
„О боже, те молам престани“, и минуваше цело време низ главата на нејзината мајка Карла Бовингдон (33), но девојчето беше упорно. Најинтересно е тоа што девојчето не знаело што прави, туку само сакала да покаже преку целата просторија на својата мама дека е повредена.
„Имаше парче нокте кое висеше. Потоа ги подигна и двата прста за да види дали и двата се повредени“, раскажува нејзината мајка по претставата.
Но бидејќи мајката не дошла за да види што се случува со нејзините прстиња, таа цело време сигнализирала за да и покаже во што е проблемот.
Откако мајката ги објави сликите нејзината малолетна ќерка стана светска сензација.