Девојката што ја споредуваа со Боки 13 денес изгледа непрепознатливо – Биг Мама е вистинска убавица
Албанската пејачка и водителка, линијата ја доведе до совршенство и изгледа непрепознатливо.
Биг Мама нема допирна точка со тоа како изгледаше кон крајот на 90-те.
Поп и РНБ пејачката и ТВ водителка Бесјана Касами во јавноста е позната како Биг Мама, а македонската публика ја запозна преку дружбите со Бојан Јовановски познат како Боки 13.
ФОТО: Принтскрин
Таа и Боки снимија и заедничка песна, „Холивуд“ во соработка со Ферус Мустафов со која сакаа да настапат на Евровизија.
Во 2017 година таа направи и операција за скратување на желудникот, преку која успеа да се спаси од вишокот килограми.
ФОТО: Инстаграм / Биг Мама
Во интервју за медиумите таа кажа дека одлуката да ја направи оваа опеpација е најдобрата одлука што ја направила некогаш во животото. Оваа одлука ѝ го променила животот на подобро.
После опеpацијата таа можела повторно да јаде сѐ што ќе посака, но во драстично помали количини.
ФОТО: Инстаграм / Биг Мама
Ако порано можела да изеде цела пица, сега од две парчиња е веќе прејадена. Оваа опеpација ја научила да јаде почесто, но во помали количини.
И денес е максимално посветена и на водителската и на музичката кариера и одлично ѝ оди.
ФОТО: Инстаграм / Биг Мама
Изгледа фантастично и слободно, без никаков проблем прифаќа да се фотографира во бикини.
Погледнете повеќе нејзини фотографии: