Девојката со крилја се омажи – невестата блескаше во волшебната венчаница, никогаш не била посреќна
Објави фотографија од црквата
Дејана Бачко е родена без раце, но тоа не ја спречи во животот да биде сликарка и шампион во паратеквондо.
Дејана неодамна се оствари и во улога на мајка која заедно со својот партнер Марко Нежиќ ја добија ќеркичката Лара, име кое потекнува од грчкиот јазик и значи победа И можеби токму овој збор најдобро ја опишува оваа инспиративна млада супер-мајка која на социјалните мрежи е позната и како Девојка со крилја.
Имено, таа е родена со хендикеп, но тоа што нема раце не ја спречува да биде добра во многу работи како на пример сликарство и паратеквондо, па дури и да биде шампионка во овој спорт.
Инстаграм/ Девојка со крилја
Таа се занимава и со стрелање, но и важи за мошне популарна девојка на Инстаграм каде секојдневно објавува фотографии и снимки со кои ги инспирира сите.
Инстаграм/ Девојка со крилја
Дејана сега објави неколку фотографии од својата свадба со Марко, а како изгледаше како невеста, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Девојка со крилја
„Со љубов и благослов стапивме во ново поглавје заедно“, напиша таа под фотографиите со кои ги воодушеви сите.
Таа блескаше како принцеза во венчаницата и со преубавиот букет, а момчето носеше елегантен костум во сива боја.
Инстаграм/ Девојка со крилја
Дејана и Марко минатата година во април се остварија и во улога на родители, кога се роди нивната ќерка Лара.
Инстаграм/ Девојка со крилја
„Боже, ти благодарам на овој подарок“, напиша тогаш Дејана на Инстаграм под фотографијата на која позираше со ќеркичката.
Инстаграм/ Девојка со крилја
Девојката со крилја оттогаш речиси секојдневно објавува фотки со ќерката покажувајќи како ужива во мајчинството.
Некои од нив погледнете во продолжение…