Девојката на Џамбазов како „рипче“ во Охридско езеро, нема да ви се верува како изгледа
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов се пофали со неговата згодна девојка.
Игор Џамбазов и Илина често се гости на брегот на Дојранското езеро, но овојпат за промена тие се релаксираа и уживаа крај Охридското езеро, а оттаму Игор се пофали со својата згодна девојка.
Илина како риба пливаше во езерото, а Игор ја снимаше додека излегува од вода и напиша „рипче“.
Малку е да се каже дека Илина изгледа како вистинска сирена.
Иако вистинска „згодница“, на стомачните мускули на Илина може да и позавидат и многу припадници и од посилниот пол.
Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Сепак и покрај ваквиот успех за Илина малкумина беа слушнале пред таа да ја започне својата врска со Игор, па во едно интервју Илина се пошегува на таа тема.
„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови“ рече Илина.
Додека за Илина спотот е начин на живот се чини дека Игор ужива само да го документира сето она што Илина го прави и да ужива.
Според фотографиите кои Илина ги објавува на социјалните мрежи се чини дека „маките“ при искачување на највисоките врвови и тоа како се исплаќа.
Совршено тело и оцртани мускули и рамен стомак е нешто со што оваа девојка може да се пофали, а често тоа го прави и Игор. Гордо објавува фотографии и видеа од она што може Илина да го постигне.
Илина во бикини остана без здив, па не ни чудо што Џамбазов се гордее со неа.
Парот неодамна ја прослави својата прва годишнина од врската, а Игор на свој уникатен начин се огласи на Инстаграм и напиша дека по само две недели дружење почнале врска.
-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и … ја гушнав. Гушката сè уште трае …, напиша Игор Џамбазов.
И додека Џамбазов најмногу визуелно ужива во убавините на природата, Илина верна на своите спортски навики и начинот на здрав живот, не ги пропушта своите физички активности.
Игор често споделува фотографии и кратки видеа од својата девојка и се фали што се таа може да направи.
Од уметнички слики до искачување планини и кревање на вратило, Илина има талент за сè, а Игор не крие дека е горд на неа.
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова