Стил

Две познати Македонки во црно од глава до пети – кое провокативно издание ви се допаѓа повеќе?

Кога тие ќе се појават на црвениот килим, тоа мора да изгледа величествено

Advertisement

Како да се натпреваруваа која ќе изгледа поубаво

Водителката Лила Филиповска се појави на црвениот килим на Светскиот ромски бал во преубав црн фустан.

Advertisement

Станува збор за креација каква гледаме на холивудските гала настани, а во која Лила блескаше од глава до пети.

Водителката која е позната по своите преубави модни приказни со ова издание ги воодушеви сите, а посебно љубителките на модата.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фустанот беше зачинет со длабок шлиц со кој Лила ги истакна нозете, а го носеше со раскошна црна наметка.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, на овој настан во неверојатна црна креација се појави уште една наша дама која е препознатлива по нејзиниот гламурозен стил.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Станува збор за Агнеса Органџиева која исто така избра црн аутфит, кој овој пат се состоеше од романтична чипка.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фустанот со македонски потпис оставаше впечаток како Агнеса да не носи ништо под него, иако под моделот составен од француска чипка и тил инфуелсерката носеше комбинезон во крем нијанса.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Во прашање е креација од познатата македонски бренд Ателје Дракул која беше специјално изработена за познатата русокоса дама.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Па, која од овие две креации ви се допаѓа повеќе?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button