Вести

Двегодишно дете позитивно на Ковид 19 почина на Детската клиника

Advertisement

Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола па препратено за Скопје, починало вечерва на Детската клиника со ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори.

Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката, а детето било примено во 7 часот изутринава како итен случај од Битола.

Advertisement

Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.

Детето нема медицинска историја кај нас бидејќи фамилијата живее во Германија.

Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој.

Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.

Според информации на ппрталот од други вработени во клиниката, детето имало исклучително тешко дишење на прием.

Извор: Слободен Печат

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button