Два месеци по породувањето изгледа ТОП: Богдана Ражнатовиќ облече бикини, нема трага од трудничкиот стомак
Жената на Вељко Ражнатовиќ се породи пред два месеци, а сега ја покажа линијата на која многумина можат да и позавидат.
Богдана Ражнатовиќ со пријателката и пејачка и одмараше на базенот во Тител, па облече костим за капење во кој изгледа совршено.
Многумина забележаа дека стомакот на Богдана е целосно рамен, па доби бројни коментари на сметка на совршената линија.
Бебето им го смени животот на Богдана и на Вељко Ражнатовиќ, изјави деновиве новопечениот татко.
Тој во интервју за медиумите откри како се чувствува откако ја прележа корона, но и како се снаоѓа како татко.
На прашањето од што се плашел најмногу кога му откриле дека е позитивен, Вељко беше потполно искрен.
„Доста луѓе што ги познавам прележаа вирусот корона, немав никаков страв. Се придржував до она што ми го кажаа докторите и во рок од седум дена бев негативен. Слушнав дека воведуваат нови мерки, тоа е страшно, но пострашно е да имаме заразени по улица и трагични случаи.“
Што се однесува до неговата сопруга, и како се чувствува откако се оженил, тој вели:
„Најдов мир во главата откако ја најдов мојата жена, но тогаш се смирив потполно“, заклучи тој.