Реклама
Наши ѕвезди

Двајца Џамбази на едно место – слушнете како Игор Џамбазов заедно со татко му ја пеат легендарната македонска песна

Реклама

Таткото на Игор Џамбазов, Маестро Александар Џамбазов, ги воодушеви сите кога запеа на роденденот на својот син.

Имено, актерот Игор Џамбазов деновиве го прослави својот роденден во еден познат ресторан во Дојран, а на прославата беше и неговиот татко.

Маркетинг

Тие двајцата во еден момент заедно ја запеаја легендарната македонска песна Лија си од Славе Димитров.

Како тие звучат заедно слушнете во видеото што следува:

Маркетинг

Инаку, Александар Џамбазов е роден во 1936 година во Војводина и е познат македонски диригент и композитор. Тој Музичката академија ја завршува во Белград, а целиот свој работен век го поминал во Македонската радио телевизија како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Што се однесува до песната „Чија си“ музиката за неа е компонирана во текот на 1969 година во Битола, а текстот и аранжманот се создадени во Скопје во 1971, изјави во една пригода Славе Димитров.

Песната имаше две верзии, првата во интерпретација на Славе, а втората на Крунослав Киќо Слабинац.


Неј­зи­на­та прва ­из­вед­ба на Скоп­ски­от фес­ти­вал во 1971 го­ди­на во интерпретација на Славе Ди­мит­ров е наг­ра­де­на, но не од струч­но­то жи­ри, ту­ку од страна на публиката. Жи­ри­то по­ка­жа­ло му­зич­ки дал­то­ни­зам. От­то­гаш „Чи­ја си” ста­ну­ва хит. Се ис­пол­ну­ва и во дру­ги аран­жма­ни, но пра­из­вед­ба­та си останува нај­вер­на и на фор­ма­та и на со­др­жи­на­та.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button