ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАРИН ДА ОЗДРАВИ – ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, НЕГОВАТА СУДБИНА Е ВО НАШИ РАЦЕ!
Потребни сме тука...
На 6- годишниот Марин Рајчиќ му е потребна нашата помош.
фото архива
Надежта за подобрување на здравјето на малиот Марин лежи во терапијата со матични клетки која за жал не може да се направи во нашите здравствени институции.
На Марин му е дијагностициран аутизам а бидејќи во нашата земја нема лек за оваа состојба, потребно е да замине на лекување во Турција.
фото архива
Лекувањето ветува подобрување на состојбата на Марин но чини 23.000 евра.
Потребно е да се направат третмани за лекување на аутизамот со матични клетки во Турција.
Со наша помош семејството на Марин ќе го постигне тоа.
Потребно е да ја покажеме хуманоста на дело и да помогнеме неговите родители да ја соберат потребната сума за Марин да замине на лекување.
Да му помогнеме на Марин да биде како и сите други деца.
фото архива
Сега сме му најпотребни на малиот Марин – ајде, сите заедно, сплотено да му помогнеме, кој колку може…
Можете да донирате на жиро сметка на Стопанска банка и на телефонските броеви Т- мобиле: 143- 113 и А1: 143-475
Истовремено, ве замолуваме и да го споделите овој текст на социјалните мрежи, како истиот би стигнал до што поголем број на хумани луѓе, кои исто така би можеле да помогнат.