Момчето на Данијела Мартиновиќ тивко и речиси незабележливо влезе во животот на хрватската поп-ѕвезда.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Нa убавата русокоса не ѝ требаше многу време за да се заљуби во него а наскоро ќе ја прослават првата годишнина од врската.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Забавата е вистинскиот збор за она низ што минуваат Данијела и Јосип.
Првата средба со него се случила кога преку Интернет поднела пријава за кражба на идентитет, а случајот успеал да го разреши никој друг туку токму тој, финансискиот инспектор Јосип Плавиќ.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Интересно е тоа што Јосип не ѝ се додворуваше на класичен начин, покажа повеќе грижлив и заштитнички однос, а во исто време и докажа дека има смисла за хумор и дека е многу интелигентен со што го освои срцето на пејачката.
фото инстаграм/showbizz_fotke
Секој ден им е исполнет со радост и среќа, постојано смислуваат нови предизвици, авантури, за само 12 месеци успеаја заедно да стекнат безброј интересни приказни и авантури, а една од нив беше особено интересна за споделување со јавноста.
фото инстаграм/showbizz_fotke
Јосип изразил желба за заедничка куќа во природа, со што пејачката се согласила, но пред тоа се ставиле на тест и отишле на кампување.
Поточно, заљубениот пар летуваше на плажа под шатор и многу се забавуваше, што само ја потврди одлуката на Даниела да се препушти на романтиката.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
-Тоа беше и негова и моја желба. За прв пат во животот реков: Сум била во разни хотели, но ова е прв пат да спијам во хотел со милијарда ѕвезди. Уживаме максимално – истакна своевремено за хрватската Глорија.
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
Не е тајна дека Мартиновиќ ги живее најубавите години и најубавиот период во емотивниот живот, полн со љубов, разбирање, почит и се останато што очигледно и недостигаше во претходната врска.