Финиот маж ќе ви каже убава лага за да ја избегне грдата вистина, а добриот човек ќе ја каже вистината, затоа што тој не може да си дозволи да лаже некого.
Финиот маж ќе прави убави работи со неизговорени очекувања. Ќе ја однесе девојката на состанок, но секогаш ќе очекува нешто за возврат. Добриот човек ги прави работите без очекувања, но затоа што делува во согласност со неговите вредности. Ако добие нешто за возврат, тоа е само бонус.
Финиот маж ќе има лабави граници и ќе ги обликува според потребата за да остави добар впечаток. Добриот човек има сосема јасни граници и заради тоа ја заслужува почитта од луѓето околу себе.
Финиот маж ќе го поттисне неговиот моментален интерес и ќе ја стави партнерката во средиштето на својот универзум. Добриот човек ќе ѝ даде внимание на неговата партнерка, но без претерувања и загушувања.
Финиот маж сака да глуми принц на бел коњ, но бргу бега кога ќе се појават проблемите. Добриот човек знае дека не е негова работа да спаси некого, но ќе биде покрај вас кога тоа највеќе ќе ви биде потребно.Финиот маж ќе го каже она што другите сакаат да го чујат, а добриот човек она што другите треба да го чујат.
Меѓу финиот маж и добриот човек е тоа што финиот маж се грижи за изгледот и угледот. Добриот човек се занимава со карактерот и моралот. Од фин маж,можете да станете добар човек. За почеток започнете да ја кажувате вашата вистина, Ако сте добар човек, Ви благодариме. На светот му се потребни повеќе такви луѓе!
Извор: Здрава и среќна