На социјалните мрежи деновиве се споделува еден миленик кој стана главна сензација на интернет.
Се работи за кучето со име Тила, со легло од Велес, далматинка стара осум месеци. Тила живее во Скопје, кај Трајче Галевски.
– Ја чувам осум месеци, практично ја земав како бебе, на еден месец, Тила има тажна судбина, нејзината мајка почина, но мислам дека со мене е среќна – вели во интервју за „Слободен печат“ Трајче.
Ова куче е многу темпераментно, весело и секогаш расположено.
-Таа никогаш не е врзана, секогаш кога шетаме е слободна и се движи покрај мене, освен во сообраќај – раскажува Трајче ви интервјуто.
Многу е забавна, има карактер како мало човече дури и покажува лутина.
– Еве на пример кога се лути врти грб, како што реагира еден лут човек, не можам да ви опишам колку е интерсна. Но најголемото изнендување за мене се случи пред неколку дена, не ми се веруваше кога го открив тоа дека Тила сака музика, но има омилена песна и само на таа песна реагира со звуци како да пее. Кога пуштам музика не реагира, но штом ја чуе песната „Нема лага“ од Страјк тогаш настанува шоу во нашиот дом – рече Галевски.
Сакате да видите како пее Тила? Пуштете го следното видео:
ВИДЕО
Фотографиите се преземени од сајтот Слободен печат.