Дали снегот ќе влијае на ширењето на корона вирусот – еве што велат експертите!

Некои вируси се директно „загрозени“ од студеното време.

Тие имаат опсег на температура на која можат да преживеат, што зависи од нивниот надворешен слој, односно липидниот слој со кој е опкружен вирусот. Токму поради овој надворешен слој е важно да ги миете рацете со сапун бидејќи од него се распаѓа мрсната супстанција на вирусот.

Кога температурата нагло ќе се спушти, тоа се одразува и на однесувањето на човечката популација. Ова има двоен ефект – поради ниските температури ќе излегуваме помалку и ќе бидеме помалку во контакт со луѓето надвор, но дефинитивно ќе бидеме во контакт со оние со кои живееме.

Австралијците до неодамна се надеваа дека претстојната зима ќе го „уништи“ опасниот коро вирусот, но нивните експерти објаснија зошто тоа не е така.

„Истражувањата за вирусот корона сеуште се во тек, но мора да забележиме дека се шири низ целата планета, без оглед во која климатска зона се наоѓа. Ова укажува на тоа дека вирусот не е толку подложен на температурни промени”, рече пулмологот Том Коцимбос од Мелбурн.

„Вирусот беше донесен во многу топли или многу студени земји од луѓето што доаѓаат од жариштата, па многу што зависи и од имунолошката слика на населението“, додава д-р Мери Шил од Националниот институт за јавно здравје и епидемиологија на Австралија.

„Ние сè уште не знаеме доволно за овој вирус за да тврдиме дали реагира на временските услови. Но, постојат индикации дека е клучно каков имунитет имаат жителите во некоја земја во која вирусот се шири, а не во какви временски услови живеат”, рече таа за Гардијан.

Кои се идеалните услови за короната?

Од друга страна, научниците од Универзитетот во Мериленд препорачуваат при проценка и сузбивање на коронавирусот да се земе во предвид и временската прогноза.

Имено, истражувачите забележале дека најголемите епидемии на КОВИД -19 ги покривале земјите сместени во една прилично тесна зона на северната хемисфера, кои се ограничени на 30. и 50. паралела. Тоа ја вклучува Италија, Шпанија, Иран, САД и Јужна Кореа, каде се забележани над 70 илјади инфекции и секако Кина каде вирусот беше најпрво забележан.

Врз основа на тоа е заклучено дека вирусот најдобро се шири во одредени климатски услови. Оваа температура изнесува од +5 до +11 степени, а влажност на воздухот од 47 до 79 отсто.

Научниците од Велика Британија го делат истото мислење. Тие температурата од во просек 8 степени ја нарекуваат „најплодна“ за овој патоген. Ако надвор е многу топло, причинителот за болеста, според нивното мислење, почнува да умира.

Што се однесува на времето во северна Италија, од каде вирусот се раширил во други места и земји, во текот на февруари и во текот на првата декада од март просечната температура била меѓу +6 до +9.

Во Јужна Кореа, КОВИД-19 полека доаѓа под контрола. Веќе кон почетокот на март во оваа земја дневно се забелжани неколку стотици нови случаи на инфекции со коронавирус, а сега се само по десетина. Дали е случајност што во оваа земја неодамна почнаа да пристигнуваат суптропски воздушни маси и што температурата во Сеул, главниот град на Јужна Кореа достигнаа и до + 15 степени.

Врз основа на таа логика во Русија исто така наскоро може да се создадат услови за намалување на стапките на заболување. На пример, во април во најголемиот дел од Русија, температурниот режим ќе биде потопол отколку другпат. На југот, во центарот и на северозападот, живата во термометарот се крева над вредноста поволна за ширење на коронавирусот. Зоната на ризик останува североистокот на европска Русија, Урал, јужниот Сибир и централните региони на далечниот исток.
Но, покрај температураниот фактор, постои уште еден, кој делува во сите климатски зони. Сега на северната хемисфера почнува или веќе почнала пролетта. До мај протокот на сончево зрачење речиси ќе се дуплира. Со други зборови, ултравиолетовитезраци ќе навлезат во атмосферата и поефикасно ќе го прочистуваат воздухот и практично ќе ги убиваат вирусите.

„Тоа се така наречени сезонски систематски фактори. Од една страна, тоа е апсолутно точно: ултравиолетовото зрачење го убива вирусот, како и многу други работи на светот. На вирусот како на примитивен организам тешко му е да се заштити од ултравиолетовото зрачење. Друга добра работа е што на пролет „се оживува“. Дури и имунитетот е посилен, а луѓето посреќни. Поради сето ова стапката на инфекции почнува да опаѓа“, истакнува специјалистот за молекуларна генетика Дмитриј Квон.

Сепак, не можеме да се потпираме само на временските прилики во оваа ситуација. Главно оружје против коронавирусот е натаму е изолацијата на пациентите и почитување на личната хигиена.

Facebook Comments
(Visited 1.360 times, 1 visits today)