Дали знаете зошто бисквитите Петит Бер („Petit Beurre“ ), кои на многумина им беа омилени во детството, изгледаат токму вака?
Приказната започнува во 1846 година, кога Жан-Ромен Лефевр и Полин-Изабел Утиле отвориле слаткара во Нант. Брендот на парот стана познат како „Lefèvre Utile” (LU). Нивниот син, Луис Лефевр-Утиле, кој ја презеде работата 36 години подоцна, беше инспириран од англискиот бисквит од тоа време, но исто така од формата на бабиниот чаршав.
Во 1886 година настана Петит Бер бисквитот чие име во превод од француски значи „малку путер”.
Некои велат дека обликот на бисквитот е внимателно планиран: има четири агли кои симболизираат четири сезони, 52 „заби” кои претставуваат 52 недели и 24 мали дупки кои претставуваат 24 часа на ден.