Реклама
Вирално

Дали знаете дека овие дечки од Ханиленд не возат џипови од ваши пари и се совршен пример за тоа како се создава ремек-дело?’

Реклама

„Медена земја“ ги изненади сите

 

Маркетинг

И додека филмаџиите од целиот свет се воодушевуваат на генијалниот документарен филм „Медена земја“ кој претставува бисер на македонската кинематографија, некои кај нас „се осмелија“ и да го критикуваат.

Токму затоа денес ќе споделиме еден коментар од Синоличка Трпкова за кој сметаме дека кажува сé што треба.

Маркетинг

„Прашање до сите оние кои имаат мислење за Ханиленд дека не е добар – дали имаат мислење за сите останати филмови правени години наназад за кои се трошени исклучиво државни пари (наши)/милиони, а излегле до Табановце? За милиони евра-државни пари со години(децении) трошени на самодекларирани филмаџии и монополи? Дали знаете дека овие дечки од Ханиленд не возат џипови од ваши пари и дека се пример за тоа како се создава ремек-дело, без државни пари, а со љубов, посветеност, љубопитство, верба? Ве покажувал во неубаво светло, со номинација за два оскари и без трунка денар од ваш џеб, создаден од деца што имаат визија и восхит за сето она што човештвото не го забележува, а поради кое сеуште постои!? Имам уште многу прашања, особено за оние кои веднаш сакаат да се шлепаат на туѓи успеси, припишувајќи си и себеси заслуга за она во кое немаат ниту удел ниту знаење. Тешко е да се прифати фактот дека овие деца не’ надминаа и дека се една од ретките светли точки во општественово загадување. Дали ќе земат Оскар или не е сосем небитно…тие се светски жители, светот ги прегрна и прифати за свои. Сурфајте на нивниот бран, наместо да се шлапкате и давите во плитко“.

Фејсбук статус – Синоличка Трпкова

&n

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button