Во нашата редакција вечерва пристигнаа фотографии од наша читателка која сака да испрати порака за некултурата на еден шофер.
На бул. „Мајка Тереза“ во Скопје меѓу народот познат како „Водњанска“ еден господин или госпоѓа си го паркирале автомобилот практично „во скут“. Автомобилот марка „мерцедес“ е оставаен буквално на тротоар, залепен до оградата на една стара маалска кафеана.
– Очигледно е дека господата се овде на вечера, па сакале да бидат паркирани поблиску од што може. Ние бевме на прошетка со количка со бебе, и не згрози оваа глетка. Добро како да поминеме сега, преку автомобилот? Принуден си да се симнеш на улица, а знаеме колку брзо се вози навечер на „Водњанска“. Ужасно! До кога ваква некултура ќе царува во Скопје? Дали е ова сељакот на денот?! Треба да ги редиме ваквите на тапет, навистина многу се вознемирив – напиша нашата читателка, која сака да остане анонимна.
Маркетинг
Ја споделуваме фотографијата со цел да апелираме на сообраќајна култура кон сите ученсици во сообраќајот, без разлика дали сте возач на велосипед, управувач на мотоцикл, мопед, електричен тротинет, пешак или пак, возите „мерцедес“.