Луна Џогани и Марко Миљковиќ важат за еден од омилените парови особено кај помладата популација.
фото инстаграм/Луна Џогани
Имено реалити парот пред три години го отвори својот канал на Јутјуб а неодамна открија дека заработиле неверојатни 179.564 евра.
фото инстаграм/Луна Џогани
Марко Миљковиќ објави аналитика на својот Инстаграм профил а податоците го кажуваат следново:
фото инстаграм/Луна Џогани
Откако го имаат каналот на Јутјуб Луна и Марко речиси и да не го кријат приватниот живот.
Имено секој момент тие го споделуваат со свои обожаватели а тоа им донесе неверојатна заработка.
фото инстаграм/Луна Џогани
Марко и Луна заработија близу 180.000 евра за преку 100 милиони прегледи.
– А еве што заработивме за 100 милиони и 3 години ангажман на YouTube – не е лошо, ќе биде подобро. Ви благодарам најсилни наши – напиша Марко на својот Инстаграм профил и објави статистика.
фото инстаграм/Луна Џогани
Инаку Луна и Марко кон средината на октомври ја добија втората ќерка Лана.
фото инстаграм/Луна Џогани
Марко неодамна откри како поминала средбата на Лана и малата Миа а потоа откри и во каква врска е со Анабела Атиас.
фото инстаграм/Луна Џогани
-Пред малку ја ставив Лана во прегратките на Миа, таа е воодушевена, не сака никој да ја допира, малку е заморно. Мора да се навикне, да биде посвесна за целата приказна. Тоа што се случи во нашиот стан е вистинска бајка, не знам како да го опишам, тоа е вистинска емоција, најубавото нешто во животот. Не се плашев да не биде така, Миа е дете од љубов, и всадивме да сака се околу себе, ја подготвувавме за доаѓањето на Лана, кога и да ја спомневме зборуваше за се во суперлативи , го бакнуваше стомакот на мама, убаво беше. Едвај чекаше да дојде, не сакаше да спие, направи позитивен хаос – изјави Марко.
фото инстаграм/Луна Џогани
– Многу сум среќен што сите се девојки. Не ми пречи следното дете да биде момче. Би оставил Господ да одлучи кој пол ќе биде моето следно дете, ако го има. Ако има трета ќерка, нема да се бунам – рече Марко неодамна.