Дали би купиле вакво нешто – Миле Паника покажа што видел во маркет
Познатиот комичар уште еднаш ги засмеа граѓаните.
Миле Паника покажа што видел во маркет и ја запраша публиката дали би купил некој вакво нешто.
Актерот Бранко Огњановски во јавноста е познат како Миле Паника, по улогата во емисијата К-15.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Генерацијата која растеше во 90-те го памети ова шоу кое беше едно од најпопуларните и најгледаните во земјава, а воедно единствено од тој тип.
К-15 беше основано и оригинално го сочинуваа актерите Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавува и други актери.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Тројцата основачи беа исто така и дел од сценаристите и режисерите.
Миле Паника имаше карактеристичен изговор, говорна маана, кој често се служеше со српски фрази за дополнителен ефект на неговиот хумор.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Иако К-15 веќе долги години не се емитува на малите екрани, Миле е активен на социјалните мрежи каде продолжува со својот хумор да ја засмејува публиката.
Честопати облекува некое од впечатливите сакоа што ги носеше во К-15 и снима хумористични видеа.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Овој пат тој направил видео во некој скопски маркет, каде што се продаваат рефус јајца, спакувани во ќесе за замрзнување.
Ова е прилично небезбеден начин да се ноат јајцата до дома, бидејќи постои многу голема можност да се скршат.
„Еее колку убава идеја вака јајца, спакувани во ќеса, рефус. Да си ги земеш и кога ќе ги однесеш дома, директно кајгана можеш да си ги испржиш само и да си ги јадеш. Баш фино размислувал овој. Би купиле ли вие вака спакувани јајца? Што мислите? Лепота“, вели Бранко во видеото.