Гушкајте се: Прегратката е еден од најдобрите подароци која прави чуда за вашето здравје
Прегратките се еден од најдобрите подароци од оние кои ги сакате.
Можеби ви звучи неверојатно, но прегратките го чуваат и срцето. Истражувањата покажале дека во текот на прегрнувањето значајно се намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес кој доведува до зголемување на крвниот притисок и ризик од срцеви заболувања.
Според едно неодамнешно истражување во кое биле вклучени околу 400 возрасни личности, прегратките се најдобриот дел од нашите денови. Според резултатите, оние кои имале проблеми или некаква кавга во текот на денот а добиле прегратка од своите блиски, пријавувале помалку негативни чувства, а повеќе позитивни без оглед на тоа што им се случувало.
Прегрнувањето на саканите и блиски личности поволно влијае на здравјето, го намалува чувството на осаменост, посебно во ерата на социјални мрежи кога луѓето се физички оддалечени едни од други. Нечија силна прегратка може да го намали чувството на болка, помага при стрес и депресија, но и опушта.