Граѓаните одбегнуваат кеш: Плаќањето со картички станува помасовно поради страв од корона
Пандемијата од коронавирусот ќе доведе до намалување на употребатга на готвина.
Коронавирусот ќе го забрза падот на употребата на готовина зошто луѓето долгорочно преминуваат на дигитално плаќање, наведуваат експерти.
Рестриктивните мерки доведоа до пад на бројот на подигнување готовина од банкоматите за 60 проценти, иако луѓето подигнуваат поголеми суми.
Плаќањето со платежни картилки за онлајн купување, посебно на животни намирници порасна.
Експертите наведуваат дека долгорочната иднина на готовината би можела да биде изложена на ризик, уште пред Велика Британија да биде подготвена да се носи со промената.
Тоа би можело да донесе проблем за околу 20 отсто до популацијата која се потпира на готовина.
Со оглед на тоа што многу продавнции, барови, кафулиња и ресторани се затворени, мала е побарувачката за регуларно подигнување на пари.
Луѓето помалку излегуваат и потенцијално чуваат повеќе пари.