Реклама
Вести

Граѓаните ГНЕВНИ, почнаа сами да собираат пари за ЛЕОНИД ИНДОВ – еве како да донирате

Младиот Леонид Индов во моментов е на лекување во центарот за повреди во Меидлинг, Виена, Австрија.

Реклама

Откако ФЗО го одби барањето за лекување во странство на Леонид Индов, граѓаните бесни поради ваквата одлука, почнаа самоиницијативно да собираат пари за да му помогнат на младото момче.

Барањето за Леонид Индов е одбиено како неосновано, бидејќи не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, велат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Станува збор за сума од 140 илјади евра којашто семејството на момчето кое лани се повреди на одмор во Грција и остана врзано за кревет, не знае од каде да ја најде. Оттаму додаваат дека решенијата за остварување на права од задолжително здравствено осигурување на осигурените лица, Фондот ги донесува согласно законските прописи и правилници.

Маркетинг

Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов.

 

Маркетинг

„Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија“, велат од Град Скопје .

„Дополнително, во Петок 23.02.2024 година во 12 часот, во средното училиште на Град Скопје Георги Димитров ќе се одржи голем хуманитарен базар на рачни изработки од средношколци од сите 23 средни училишта под надлежност на Град Скопје“ .

Во меѓувреме, граѓаните самоиницијативно почнаа да споделуваат апел за помош и да донираат пари за да се соберат потребните средства за лекување.

За сите хумани граѓани ова се телефонските броеви за донации.

Т-МОБИЛЕ 143-118

А1 143-500

Младиот Леонид Индов во моментов е на лекување во центарот за повреди во Меидлинг, Виена, Австрија.

ФЗО го одби барањето на Леонид за лекување во странство иако тој веќе две недели е во Виена

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button