Реклама
Наши ѕвезди

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, „рипна во тавче“ – ПОГЛЕДНЕТЕ каква венчаница (видео) носеше невестата

Реклама

Невестата носеше невестински фустан со етно елементи и елек кој е дел од црногорската народна носија.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денес се заколна на вечна љубов пред својата сакана.

Маркетинг

По година дена врска, Саша и неговата избраничка Јелена Брауновиќ решија да запловат во брачните води.

Венчавката се одржа во Грачаница, Косово, местото каде што се запознале, па затоа и решиле да застанат на олтарот во косовскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“.

Маркетинг

Невестата носеше традиционална венчаница со етно елементи, а чинот на венчавка го изврши архимандритот Иларион, кој му е заменик на Рашко-призенскиот владика Теодосије.

Јелена е наставничка во скопското училиште „Киро Глигоров“ во Скопје, а има црногорско потекло.

Од фотографиите и видеата што ги објави порталот на дневниот весник „Слободен печат“ можеме да видиме дека во дворот на Манастирот ги пречека „витезот од Грачаница“ кој е од витешкиот ред Црвен змеј кој датира од времето на српскиот крал Милутин кој е ктитор на светилиштето изградено во времето на неговото владеење, односно во 1321 година.

Како изгледаше невестата, погледнете од видеото што следува…

Богдановиќ има 35 години, а за неговиот љубовен живот малку се знае во јавноста. Тој е роден во Словенија и е со српско потекло.

Во 2001 година станал член на политичката партија СДСМ, а во 2003 година активно се вклучил во сите активности од општествена одговорност.

Во 2004 година завршил средно медицинско училиште и дипломирал политички науки на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во 2009 година се вработил во фабриката за изолациони материјали „Кумал -СК“, каде што после една година бил поставен како раководител на комерција, сè до мај 2013 година, кога бил именуван за за в.д. директор на јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Богдановиќ во 2014 ја добил функцијата Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.

Тој е првиот директор на ЈП ПОЦ кој ги ослободил жителите на Општина Центар од плаќање за паркинг и притоа ги вратил сите долгови кои биле затекнати во претпријатието со неговото доаѓање на функција.Како директор вовел многу новитети и поволности, како гостинска М-карта, со зголемен број на часови за гости, Новинарска мобилна карта, Бизнис карта, Карта за спортисти и тренери и бесплатен паркинг за хибридни возила. Со претходно добиена согласност од Советот на Општина Центар, од 2013 година финансиски го помогнал КК Работнички.

Богдановиќ се залага за правата на сите граѓани и преку многубројни хуманитарни акции кои ги организирал заедно со своите пријатели и соработници. Во мај 2017 година, за првпат на територија на Општина Центар, ја започнал кампањата за стерилизација на бездомни животни „Центар на 4 нозе“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button