Градоначалникот на Кисела Вода со овој гест ги разнежни сите: И го честиташе 100-тиот роденден на Баба Коса, вакво изненадување никој не очекуваше (ФОТО)
И предизвика насмевка...
Сkopпјанката баба Коса Илиевска од Црниче, пред неколку дена го прослави нејзиниот 100-ти роденден!
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Објавата на градоначалникот на скопската населба Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски стана вирална а коментарите само се редеа.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Сите и го честитаа роденденот на баба Коса и и посакаа уште долги години живот.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Градоначалникот ја изненади со букет и роденденска торта и предизвика насмевка на нејзиното лице. Таа е баба на две внучиња и има пет правнучиња.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
-Со Баба Коса Илиевска од Црниче, денес заедно го прославивме нејзиниот 100-ти роденден!
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Баба Коса е една прекрасна, весела и ведра жена која иако денес одбележува еден век од нејзиното раѓање, таа сепак е полна со живот, баба на две внучиња и прабаба на пет.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Си муабетевме, ми раскажа за животот и искуството кое го има зад себе, дури ми даде и добри совети. Мене ми е навистина драго што имав чест да седнам со четири генерации, сите заедно на една маса. Ова е тоа за кое вреди да се живее.
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Беше прекрасно дружење, ви благодарам!
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Баба Коса, да си ми жива и здрава и остани таква полна со елан каква што си а догодина, да го прославиме и 101-от роденден!, стои во честитката на градоначалникот посветена на Баба Коса.