Го стави телефонот на полнач и влезе во кадата – несреќен крај на убавата синоока Русинка која беше шампионка во боречките спортови!

Русинката Ирина Рибникова од Сибирскиот град Братска почина откако нејзиниот телефон кој се полнеше падна во бањата додека се бањала.

Русокосата тинејџерка почина од електрошок.

ADVERTISEMENT

Семејството на несреќната девојка го потврди овој случај за руските медиуми. Таа само пред два месеца ја освои титулата во Русија и беше избрана за националниот тим.

Ирина беше шампион на боречки вештини, поточно на специјален вид на борба која потекнува од античка Грција, наречена панкрација.

Таа често истакнуваше дека нејзината голема желба е да биде шампион на светот во овој спорт.

Нејзините колеги спортисти не можат да ја прежалат оваа убавица која прерано ги остави.

 

Панкратион или панкрација

Панкратион е комбинација од борење и бокс.

Покрај овие вештини, се користу и техника со нозе, и за разлика од боксот, спортистите се борат со суви раце (без ракавици или завои).

Facebook Comments
(Visited 8 times, 1 visits today)